Вести Македонија Топ вести

Присутните полицајци не помагаа кога изби пожарот во дискотеката, рекоа сведоци на судењето за обвинетите полицајци за „Пулс“

Присутните полицајци не помагале откако избил пожарот „Пулс“, сведочеа посетители на кочанската дискотека кобната вечер. Вкупно 13 полициски службеници се гонат за тешки дела против општата сигурност. Еден од сведоците беше 24 годишната Сара која откако со другарките се упатиле накај излезот од дискотеката од преголемата гужва најпрвин се тркалала по скалите па потоа врз неа почнале да се трупаат и тела на други луѓе. Откако некој ја спасил и добила свест побарала помош од полицајците кои биле пред „Пулс“ бидејќи не можела да се движи, но не ја добила.

„Видов еден полицаец. Му реков многу ми е лошо, но тој не сакаше да ми помогне. Ми рече како јас можам да ти помогнам. Што да ти направам и се тргна настарна“, сведочеше Сара.

Таа не ги помни полицајците по лик, но никој од нив не давал насоки каде да се движат луѓето.  Еден од сведоците беше и 19 годишниот Теодор кој тогаш бил малолетен. Келнерот им јавил дека ќе има рација, а при напуштање на дискотеката кај влезот ги запрел полициски службеник. Излегле надвор да им земат податоци и тоа ги спасило. Сведокот препозна еден од обвинетите дека тој бил полицаецот кој го запрел. Кога избил пожарот му помагал на другар да го најде неговиот брат, а полициските службеници воопшто не пружале помош. Третиот сведок пак видел полицајка која само стоела пред дисоктеката, не знаел дали помагала и притоа ја препозна во една од обвинетите.

Родителите на жртвите порачаа дека полицајците не може да се бранат дека обврска таа вечер им била да бараат опојни дроги, а го одминале најголемиот дилер кој го знае цело Кочани. Влегле во дискотеката, а не реагирале ни на пиротехничката средства.

„Дали спречувањето на такви опасности е дел од вашите службени обврски? Ако е, тогаш зошто не постапивте? Законот не познава изговор „не ми беше смената за тоа“ кога се работи за заштита на човечки животи. А потоа ги гледаме телефонските комуникации што обвинителството ги презентира во судница. Тие ќе бидат предмет на судска оценка, но отвораат сериозни прашања за односите меѓу дел од обвинетите вработени во МВР и сосптвеникот на „Пулс“. И затоа денес прашуваме: дали униформата служела за заштита на граѓаните илиз а удобност на привилигираните?“, рече Александар Наунов, родител на една од жртвите

Обвинителството тврди дека полициските службеници кои биле во „Пулс“ не презеле мерки за спречување на употребата на пиротехничките средства. Сите 13 обвинети тврдат дека се невини. Во пожарот на 16 март, минатата година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Дејан Дејан

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Распределбата на парите за изборни реклами засега останува по истата формула

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе