Вести Македонија Најважни

„Ја охрабрувам владата да ги започне уставните измени“ порача Марта Кос при посетата на Скопје

ЕУ не е изградена на гаранции, туку на доверба, вака гласи одговорот на еврокомесарката, Марта Кос, која денеска ја посети Македонија, за тоа дали нејзината изјава дека никогаш на земјите-кандидати не им биле давани гаранции дека во процесот на преговори со ЕУ нема да имаат друг спор, подразбира и билатерален спор. Таа испрати и порака за уставните измени, за кои рече дека се неопходен следен чекор за формално започнување на пристапните преговори.

  • „Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции коишто се даваат однапред туку врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа. Ја охрабрувам владата да го започне процесот којшто наскоро може да донесе измени во Уставот“, рече Кос.

Кос за тоа како да се изгради доверба со земја-членка која не го признава македонскиот иденитет и јазик, одговори дека таа нема рецепт како, но оти постојан начини. Притоа порача дека градењето доверба не е само со една земја-членка, туку со сите 27.

  • „Довербата е важна, но како ќе ја изградиме довербата. Нема рецепти за тоа. Јас не сум онаа којашто може да ви дава совети како да изградите доверба со вашите соседи, но она што го знам е дека колку повеќе доверба имате, толку полесно ќе напредувате низ пристапниот процес. Како може да ја изградиме довербата. Можеме да ја изградиме довербата не само со добри зборови, туку и со добри дела. Може да градиме доверба и со избегнување дејства и зборови коишто можат да зголемуваат тензија. Може да ја зголемите довербата кога ќе го почитуваме меѓународното прави“, рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски, со кого Кос одржа и тет-а тет средба, на пораката од Кос дека гаранции не се можни и кој би бил следниот чекор за Македонија, рече дека за земјава нема друга опција.

  • „За нас нема, во моментот, никаква друга опција, ниту план Б. За нас единствена опција е членство во рамки на ЕУ и посветеност во испораката на реформите“, рече Мицкоски.

Мискоцки притоа побара процесот на пристапување да се води од исти правила и принципи за сите земји-кандидати, со почитување на постигнатите реформи, а не врз билатерални спорови.

  • „Истовремено очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности, на исполнување на реформските обврски, а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања, што создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани. Затоа денес е важно да постои доверба дека процесот ќе продолжи врз истите правила што важат и за сите други кандидати и за сите држави коишто биле кандидати“, порача Мицкоски.

Кос денеска од Владата испрати порака и за реформската агенда од Планот за раст, со очекување дека до 15 јули ќе бидат спроведени сите 100 проценти од 10 реформи за кои истече рокот до 30 јуни, поточно дека изборниот законик ќе биде донесен.

Притоа таа ја пофали Македонија за забрзувањето на темпото за реформите, велејќи дека сега се наоѓа на ниво на најквалификуваните изведувачи, рече дека реформите се национален проект и оти сите треба да се вклучени во тој процес, вклучително и Собранието. Таа најави дека Македонија ќе добие дел од парите кои ќе се распределуваат, а кои не ги потрошија другите земји-кандидати од Планот за раст.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Дејан Дејан

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Распределбата на парите за изборни реклами засега останува по истата формула

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе