Вести Македонија Топ вести

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Во шок и неверување утринава беа  браќата Сефери, кои живеат во склонопадна куќа на штипската улица „Димо Хаџи Димов“. Непознат багерист во  пет минути пред четири часот почнал да руши дел од куќата, во која што живеат и за која што пред новинарите трвдеа дека била во сопственост на нивните починати родители. Од ударот на багерот урнат е дел од ѕидот на куќата, или на просторијата која не ја користат.

„Ние спиевме во куќата. Живееме со брат ми. Не разбудија соседите кои почнаа да ни тропат на џамот и ни звонеа на мобилен, викајќи станувајте брзо ви ја срушија куќата… Не е ни од Бога, како што се вели. Удрено е двапати со корпата и право избегал и тоа брзо се деси“, рече Сефери.

Никој не е повреден, а браќата Сефери велат дека од ударот на багерот оштетен е таванот на собата, каде што тие спиеле. На увид на лице место беа и од полицијата и инспектори од општината.

После нивниот увид и на основа на добиените документи од Агенција за катастар, се утврди дека посочениот објект нема сопственик и лицето кое дава изјава пред медиумите, воопшто не располага со документ за негово право на сопственост или користење, велат од општина Штип.

Улицата веднаш ќе биде исчистена од страна на службите на Општината, со цел да се обезбеди пристапност и граѓаните и возачите да немаат проблеми при движењето на улицата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Распределбата на парите за изборни реклами засега останува по истата формула

Дејан Дејан

Во Предлог- ребалансот на буџетот недостигаат 6 милијарди денари за социјални услуги на лицата со попреченост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе