Вести Свет

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција – треба да се земе предвид чувствителноста на сите членки на НАТО

Пораката дека Алијансата се темели на добрососедски односи и дека треба да се земе предвид чувствителноста на сите членки на НАТО, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на НАТО Самитот во Анкара, посочувајќи дека Грција се соочува со закана за војна од Турција, доколку ги прошири територијалните води.

Одговарајќи на новинарско прашање за влијанието на Турција во рамките на НАТО и фактот што, како што се чини, претседателот на САД ќе ѝ дозволи на Турција да набави авиони Ф-35 и дали ова ја нарушува рамнотежата во Источниот Медитеран, Мицотакис рече дека нема да ги коментира вчерашните изјави на турскиот и американскиот претседател.

Единствено што можам да кажам е дека еден сојуз мора да се темели на основниот принцип на добрососедски односи. Во моментот кога мојата земја се соочува со „casus belli“ од Турција, во случај да го искористиме нашето законско право да ги прошириме нашите територијални води, сметам дека треба да биде јасно дека треба да се земе предвид чувствителноста на сите членки на НАТО, посочи Мицотакис.

Додаде дека пред сè, станува збор за одбранбен сојуз, изрази увереност дека овие отворени прашања можат да се решат во духот на добрососедските односи и соработката и објасни дека отсекогаш бил силен поддржувач на подобрувањето на односите меѓу Грција и Турција.

Мицотакис се осврна и на концептот на европска стратешка автономија, за што рече дека е силен поддржувач, но „не како конкуренција на НАТО, туку како силен европски столб кој би можел да го зајакне сојузот на сите нивоа“.

Потсети дека Грција, од оваа година веќе ја исполнува целта од 3,5 отсто за одбранбени трошоци, но и дека спроведува програма за модернизација на армијата во вредност од 25 милијарди евра

Мојата земја се наоѓа во многу чувствително соседство, кое се соочува со геополитички предизвици. Секогаш ја исполнувавме нашата обврска во однос на расходите што ги предвидува НАТО, дури и во периоди на строги мерки на штедење, а денес сме една од петте земји кои се наоѓаат меѓу првите во НАТО во однос на трошоците за одбраната, рече Мицотакис.

Во однос на регионалната состојба, изрази надеж и оптимизам дека прекинот на огнот меѓу Иран и САД ќе се одржи и нагласи дека е од клучно значење „да ѝ се даде време на дипломатијата да го реши ова сложено прашање“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се закани дека ќе ја прекине целата трговија со Шпанија

Дејан Дејан

Азизи: САД мора да го признаат новиот ирански режим во Ормускиот теснец

Дејан Дејан

Business Leader 2026: Кога лидерството излегува на сцена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе