Вести Македонија

Даниела Димовска останува  на чело на Кривичен суд

Ве-де претседателката на скопскиот кривичниот суд Даниела Димовска доби и 4 годишен мандат на чело на судот. По една година откако беше распишан огласот со 11 гласа за едногласно ја доби поддршката на членовите на советот.

Димовска е судијка во Основниот кривичен суд од 2016  а против кандидат и беше судијата Ивица Стефановски кој  има 16 годишно искуство, ги водеше предметите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и  против Стојанче Јовановски.

Членовите  имаат високо мислење и за Стефановски но како клучно за изборот на Димовска истакнаа дека има богата професионална биографија,  пофалби дека била добар менаџер во судот,  програма која била поразвојна и повизонерска од конкрентот но и интервјуто во судскиот совет.

  • „Судијата Даниела Димовска имаше една визија, точно менаџерска како треба да биде нејзината позиција и што треба да работи како иден претседател,“ Антоанета Димовска, членка на судски совет.
  • Нејзиното визионерство преточено преку програмата што ја има доставено до Судскиот совет и акцискиот план јасно дава слика за човек којшто има јасна визија за тоа како да се движи во својот мандат“, Тања Чачарова Илиевска, членка на судски Совет.
  • Дипломирала на отсекот деловно право на Правниот факултете „Јуситинијна Прима“-Скопје, а во моментот е докторант на истиот факултет на отсек Кривично право. Во 2015 година ја завршила Академијата за судии и јавни обвинители,“ Џенета Бектовиќ, членка на судски Совет.

Членката Сузана Јошевска Анастасовска  се согласува дека Димовска изминатата година покажала извонредни менаџерски и организациски капацитети  но истовремено порача дека судскиот совет треба да води сметка  во иднина при поставувањето на вршител на должност на претседател да не се претвори во предност за кандидатот особено кога постапките за избор  траат долго.

  • „Се поставува прашањето при долгото траење на изборите, дали се создава предност во однос на другиот кандидат. И заради тоа еден апел уште еднашка дека изборите треба да траат малку пократко за да можеме да обезбедиме еднаков пристап на сите кандидати во изборите“ – Сузана Јошевска Анастасовска, членка на судски совет.
  • „Навистина е недозволиво постапките да ни траат толку колку што ни траат и треба сите ние заедно како Совет максимално да се вложиме преку измена на нашите внатрешни акти, преку наша поголема ангажираност“ – Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет.

Денеска за Димовска гласаа  и членови кои лани не ја поддршаа за вршител на должност. Тогаш главните забелешки за кои реакции  имаа и тогашниот судија сега државен обивнител Ненад Савески но и од невлаидниот секотор беа дека не се почитувал законот за судови и не избрале најдобро оценетиот судија од Кривичниот суд туку Димовска која била 11то рангирана на последното оценување .

Полседната година дена нејзинот име се споменуваше во јавноста и по истражувањето на ИРЛ и истрагат на обивнителството за нејзиниот брат,  Драган Паунов.

Тој како  даночен контролор во Штип беше осомниченза примање поткуп – дека му доставувал информации за контроли на синот на газдата на Пулс.

Димовска тогаш рече дека нема никаква улога во предметот кој е под надлежност на судот во Кочани но и дека нејзините  лични семејни околности немаат никакво влијание ниту педметот за пожарот во Пулс кој се во во Кривчниот суд

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поднесено обвинение за „Еуростандард банка“ – Трифун Костовски и неговиот син Коста меѓу обвинетите

Дејан Дејан

За врсничкото насилство кое ја згрози јавноста ќе одговораат четири девојчиња и момчиња по Законот за малолетничка правда

Дејан Дејан

Левица нуди компромис за Изборниот законик, СДСМ не отстапуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе