Вести Култура Македонија Топ вести

Надзорна расправа за нефункционалната и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик

Со меѓупартиски препукувања меѓу власта и опозицијата започна надзорната расправа за „Нефункционалнна и недоследна примена на одредбите од Законот за употреба на македонскиот јазик“ кој беше донесен на уште пред 2024. За опозицијата е несфатливо зошто истиот не се применува и зошто Инспекторат за македонски јазик се уште е нефункционален, поради што не може да се врши надзор над примената на Законот.

„Би сакала да Ве прашам кога прв пат побаравте вработување на лектори, односно на инспектори, во Министерството, во Инспекторатот еве како сакате … Во кој годишен план за која година прв пат имавте предвидено вработување на инспектори познавајќи ја цела постапка што се треба да поминат тие избрани, вработени инспектори додека да можат да се оспособат да прават инспекциски надзор“, изјави Бисера Костадиновска- Стојчевска, пратеничка од СДСМ.

За министерот Љутков важно е да се каже зошто се доцнело со имплементација на Законот, наведувајќи ги шесте месеци за локалните и шесте месеци за парламентарни избори како причина.

„Затоа што Законот за употреба на македонскиот јазик беше донесен во јануари 2024 та, а новиот Закон за инспекциски надзор дури во декември истата година. И тоа треба да ви биде јасно и да си го прочитате. И убаво ќе беше кога сте го носеле Законот знаејќи со какви последици ќе се соочува идната влада, тогаш ќе требало да донесете преодна одредба. Знаете дека кога ќе се донесе закон треба да се направи функционална анализа во изборен и тоа не сте го направиле. Еве ако течеле изборите и не смеете да отворате Инспекторат, сте можеле барем да седнете и да направите функционална анализа“, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

За пратеничката Јована Тренчевска целата расправа треба да се води со факти и согласно измените. Таа упати критика кон директорката на Инспекторатот Менче Андреева дека во овој случај тоа не може да се забележи .

„15 месеци кога веќе работите по Законот, 15 месеци не сте увиделе дека имате одредби кои што не Ви даваат Вам надлежност, туку се спритивни и на закон за инспекциски надзор и на ова што Вие го работите“, посочи Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ.

„Значи јас како директор постапувам според членот 24 од Законот за употреба на македонскиот јазик каде што е уредена работата на директорот. Меѓутоа и во Законот за инспекциски надзор исто така е уредена работата на директорот. Значи ние како инспекторати ја направивме измената и оваа измена којашто ја гледате пред вас всушност се однесуваше на правниот субјект, односно на правниот статус“, изјави Менче Андреева, директорка на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик.

Во рамки на првата надзорна расправа се обрати и поранешната претседателка на Советот за македонски јазик професор Симона Груевска -Маџоска која ги повтори причините за својата оставка и потсети дека за две години од донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик е несфатливо да сведочиме на ваква состојба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

В среда омаж за Војкан Јовановиќ

Дејан Дејан

Новата А-интегрирана дозвола за УСЈЕ ќе биде по новиот, построг, закон, најави министерот Хоџа

Sasko Dimovski

Изборниот законик заглавен во партиските ровови, спикерот Гаши повикува на компромис и поддржува електронско гласање

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе