Вести Македонија

Во Предлог- ребалансот на буџетот недостигаат 6 милијарди денари за социјални услуги на лицата со попреченост

Во Предлог- ребалансот на буџетот кој што е во собраниска процедура, недостасуваат 6 милијарди денари или 97, 5 милиони евра. Ова е пресметката на Коалицијата „ Менуваме“ што ги застапува правата на лицата со хендикеп“. Според координаторот на Коалиција, иако со ребалансот, предвидени  се дополнителни 1, 5 милијарди денари (над 24 милиони евра) за надоместоци за социјална и детска заштита, тие се недоволни за овие обврски до крајот на годината. Потребни се дополнителни 3 милијарди денари (над 48 милиони евра), вели Суарет Алишан.

Иако се издвоени 300 милиони денари (околу 5 милиони евра) за друштвата што вработуваат лица со попреченост, обезбедената сума е за покривање на обврските од лани и нема пари за оваа година. А, потребни се дополнителни 500 милиони денари ( 8 милиони евра). Како што рече Алишан, ниту обезбедените 130 милиони денари ( над 2 милиони евра) за поддршка на процесот на деинституционализација не се доволни, зашто се неопходни 300 милиони денари ( скоро 5 милиони евра).

Тој кажа и дека со ребалансот не се предвидени пари за усогласување годинава на платите на родителите, ангажирани со скратено работно време зашто се грижат за нивните деца со попреченост. Ниту се планирани средства за здравствено осигурување на корисниците на гарантирана минимална помош за ноември и декември, а тековниот буџет не обезбедува финансии за зголемување на додатоците за попреченост за деца и за возрасни.

  • Доколку овие 6 милијарди денари ние ги немаме во системот за социјална заштита , верувајте овој систем ќе колабира. И на крајот ќе резултира во септември со масовен, голем протест, кажа Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“

Коалицијата испратила амандман до собраниската Комисија за финансирање и буџет и бара средба со министерката за финансии. Од Коалицијата се пожалија и на дискриминација зашто два месеци доцни исплатата на додатоците за попреченост за деца и за возрасни и дека за мај и јуни не е исплатена асистенцијата која што лицата со попреченост ја добиваат преку „Црвен Крст“.

  • Направена е повторно дискриминација . Не знаеме ние од кои причини. Ние за тоа имаме поднесено до Комисијата за антидискриминација од поодамна. Уште го чекаме нивниот извештај, вели Алишан.

А, од Министерството за социјална политика велат дека Предлог-ребалансот на буџетот за 2026 година сè уште е во собраниска процедура и конечните износи ќе бидат утврдени по завршување на постапката. Министерството веќе побарало дополнување на Предлог-ребалансот во делот на социјалната заштита, со цел обезбедување на потребните средства за непречено остварување на законски утврдените права, дополнуваат од ресорот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Дејан Дејан

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Распределбата на парите за изборни реклами засега останува по истата формула

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе