Вести Култура

Објавено новото ИП „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“ на Никола Коџабашија и Тегет

Петнаесет години по објавувањето на албумот „Penelope X“, што го издаде Filter Label во 2011година, нашиот композитор Никола Коабашија, кој живее и работи во Велика Британија, го објави новиот проект „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“, работен со колективот Тегет.Во него членуваат истакнати музичари кои повеќе децении успешно творат во џез, рок и авангардната музика: Благојче Томевски -Трале (бас кларинет), Нинослав Спировски- Нино (тенор и сопран саксофон), Филип Букршлиев- Бука (електрична гитара), Ади Имери (електрична гитара), Александар Поп Христов (електрична гитара), Дориан Јовановиќ (фретлес бас гитара), Влатко Јаневски (бас гитара), Дарио Циевски- Цио (тапани), Панче Бујуклиев (синтисајзер) и Никола Коџабашија (електрично пијано, синтисајзер, семплер).

Материјалот на новото издание  е снимен на нивниот концерт во МКЦ, во август 2025 година, а го објави издавачот Filter Label.

Албумите на Никола Коџабашија и музиката за театарски претстави што ја компонира, постојано добиваат одлични рецензии во најреномираните медиуми. Но и покрај редовните ангажмани,  тој повремено работи и паралелни проекти за македонската публика. Како вистински музички камелеон, со секое следно издание Коџабашија окупира поинаков музички простор и ги истражува границите на познатите жанрови, стои во најавата за неговото најново издание „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Национален комитет го презема управувањето со Газа – Хамас со одлука за распуштање на владата по 20 власт

Sasko Dimovski

Уапсен велешанец: Сам се повредил додека палел трева и предизвикал пожар

Kristina Kuzmanovski

Пожарот кај „Рампа“ го подметнале двајца скопјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе