Во чест нa Војкан Јовановиќ (1964-1999), поранешен солист на Македонската опера и балет, во среда, на 8 јули, во 21 часот, во Three Garden Bar, ќе се одржи настан во негов спомен и чест.
Војкан Јовановиќ беше истакнат оперски бас и долгогодишен солист и првенец на Македонската опера. Препознатлив по својот длабок, моќен и впечатлив глас, тој остави значаен белег на нашата оперска сцена. Беше активен и на домашната и на регионалната сцена, со особено забележителни настапи во текот на 1990-тите години на минатиот век, вклучително и на фестивалот Охридско лето.
