Македонската фудбалска репрезентација дожиеа пад од две позиции на најновата ранг-листа на ФИФА. Нашиот тим на последниот натпревар загуби убедливо со 4-0 од Турција, а нема постигнато гол на четири дуели во низа.
Македонија на ФИФА-листата се наоѓа на 69-тото место со 1369,16 бодови, што е пад од две позиции во однос на минатиот месец. Националниот тим нема добри резултати во изминатите неколку месеци за да се надева на прогрес. На последните четири натпревари има два убедливи порази од по 4-0 од Данска и Турција, како и две ремија без постигнат гол против Република Ирска и Босна и Херцеговина.
Македонската репрезентација последната победа ја оствари во септември 2025 година, кога во Скопје го совладавме Лихтенштајн со 5-0 во рамки на 6.коло од квалификациите за СП 2026.
На врвот на ФИФА-лигата имаше промена. Актуелниот бранител на Светското првенство, Аргентина се искачи на првото место на ранкингот на сметка на Франција, која падна на треото место, додека Шпанија остана втора.
Англија е четврта, а по неа следуваат Португалија, Бразил и Мароко, кој напредуваше една позиција на седмата, додека Холандија падна на осмото место. Најдобрите 10 репрезентации ги комплетираат Белгија и Германија.
