Ролан Гарос заврши за првата носителка Арина Сабаленка, која сензационално загуби во четвртфиналето.
Дијана Шнајдер, која е 25-та носителка, ја шокираше Сабаленка во три сета. Руската тенисерка имаше сет негатива и 1-4 во вториот, но потоа направи голем пресврт. Освои десет гема по ред и славеше со 3-6, 7-5 и 6-0 за пласман во своето прво грен слем полуфинале.
Таму Шнајдер ќе се соочи со најголемото изненадување на турнирот, Маја Хвалинска. Квалификантката од Полска денеска ја победи Ана Калинскаја со 7-6 и 6-3 и го продолжи својот сензационален настап во Париз.
Интересно е тоа што првпат на еден грен слем турнир полуфиналните двојки се составени од тенисерки родени во 21 век.
Второто полуфинале е Мира Андреева против Марта Костјук.
