Вести Економија Македонија Топ вести

Плати, награди, бонуси и унапредувања делени „од ракав“ – Андонова со обвинувања за претходникот Мемеди

Недостаток на реагенси, фантоми кои не оделе на работа а нивни колеги за месечен надомест ги евидентирале во системот, вработени кои факултативно шетале низ Институот, сомнителни тендери над дозволената граница и уште по сомнителни исплати на плати и награди без воспоставен систем, исплата на бонуси без основ. Ова се само дел од тврдењата на директорката на ИЈЗ, Марија Андонова, за ситуацијата во која го затекнала Институот кога го презела од Шабан Мехмеди.

„Дел од фантомите си заминале, дел се отпуштени а против оние кои ги евидентирале засега не се поведени дисциплински постапки, а во моментов трошоците за плати се пет милиони денари пониски од оние во 2024 година, вели Андонова.

Ексдиректорот Мехмеди одговори на дел од наводите на Андоновска, вели дека податоците за неговиот личен доход е достапен во УЈП и ја обвини за партиски вработувања.

„Не се согласувам дека сите забелешки на Ревизија се однесуваат на мене, бидејќи и вие бевте директор во тој период. Ако институцијата била со нула денари на сметка, како функционирала и ги сервисирала обврските пред нејзиното доаѓање? Колку вработени беа отпуштени или заминаа од ИЈЗ по вашето доаѓање, а колку нови се вработени ? Ќе ги објавите ли нивните квалификации, работно искуство и начинот на избор? За прекувремена работа имаше потреба и тоа може да се докаже исто и како фактот дека неколку лица кои се избркани од работа ја добија тужбата на суд, бидејќи имаа положено државен испит за администрација“, вели Шабан Мехмеди, ексдиректор на ИЈЗ.

На денешната прес конференција Андонова откри дека картички за точење гориво биле кај лица кои што воопшто не работеле во ИЈЗ, и дека уште бараат кај кого завршиле тждесетици лаптоп компјутери и телефони на кои им се губи траг. Компјутерската опрема кој биле набавувана била со различна спецификација, послаба од платената, но никој не реагирал.

Од ИЈЗ соопштија дека уште во јануари минатата година од оделот за економски криминал на БЈБ побарале документи за работењето на претходната гарнитура кои ги доставиле во неколку наврати. Директорката Андонова соопшти дека по ревизијата и наводите на денешната прес-конференција очекува Обвинителството да отвори предмет.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Десетици лица се повредени на протестите во Болоња, откако маж почина додека бил приведуван од полицијата со употреба на физичка сила

Igor Trajkov

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе