Македонија и летово останува извор на сезонска работна сила за европските земји. Само до април, повеќе од 5.000 македонски работници заминале на сезонска работа во Хрватска, а бројките се очекува дополнително да растат во текот на летото. Кои се најбараните професии, зошто сè повеќе млади, но и пензионери заминуваат да работат во странство и дали домашните компании остануваат без кадар?
Додека македонските работници заминуваат во ЕУ, фирмите во земјава се снаоѓаат со вработување луѓе од Непал, Бангладеш, Индија и Турција. Какви се искуствата на странските работници во Македонија и дали државата успева да го надомести недостатокот на работна сила?
