Вести Македонија Топ вести

Тасева за Фетаи: Ако некој не доаѓа на работа три дена, зошто не добил отказ?

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Слаѓана Тасева, смета дека отсуството на носител на висока јавна функција не смее да предизвика застој во работата на институциите и отвори прашања за евентуална одговорност поради недоаѓањето на работа на вицепремиерот задолжен за добро владеење.

Тасева рече дека во изминатите месеци не забележала активности поврзани со ресорот за добро владеење и оти јавноста не добила доволно информации за функционирањето на кабинетот.

„Не забележав во изминативе месеци дека нешто се случува на тој план или некаква активност од тој кабинет за добро управување. Ние знаеме дека вицепремиерот не доаѓа на работа, меѓутоа немавме информации што се случува со работењето на тој план“, изјави Тасева.

Таа оцени дека објаснувањата кои биле дадени за неговото отсуство се несоодветни со оглед на значењето на функцијата што ја извршува.

„Треба да има јасни правила. Ако некој не може да ја обавува функцијата, треба веднаш да го најави тоа, а Владата треба да се организира за да нема застој. Сега имаме застој, а останува прашањето како и зошто се случило тоа и дали ќе има некаква последица. Зошто не добил отказ ако не дошол три дена на работа? Навистина има многу прашања“, рече Тасева.

Таа додаде дека институциите мора да обезбедат континуитет во работењето без оглед на тоа дали одреден функционер е присутен или отсутен од работното место.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе