Спорт Фудбал

Македонија поразена во Истанбул: Четири натпревари без постигнат гол под водство на Седлоски

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Турција со убедливи 4-0 на пријателскиот натпревар одигран вечерва во Истанбул, на стадионот „Шукру Сарачоглу“.

Домашната селекција уште од самиот почеток покажа дека влезе во натпреварот со намера убедливо да победи. Турција погоди пречка во почетните секунди, а поведе веќе во 2. минута со голот на Оркун Кокчу.

Во 16. минута беше 2-0, откако во мрежата на Македонија погоди и Чан Узун. Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа Дениз Ѓул во 53. минута и Бариш Јилмаз во 70. минута за конечни 4-0.

Македонија немаше опасни акции, а единствената голема шанса за погодок ја имаше преку Езгјан Алиоски во првото полувреме. Ова беше втор пријателски натпревар за нашата репрезентација за неколку дена, откако во петокот, на 29 мај, одигра реми без голови со Босна и Херцеговина во Сараево.

Македонија веќе четири натпревари нема постигнато гол откако на клупата седна селекторот Гоце Седлоски. Во мартовскиот бараж за Светското првенство загубивме од Данска со 4-0 во Копенхаген, а потоа одигравме 0-0 на гостувањето кај Република Ирска.

Следен предизвик за националниот тим ќе бидат есенските натпревари во Лигата на нации, во Б-дивизијата. Македонија на 26 септември ја пречекува Швајцарија, а три дена подоцна ќе гостува кај Словенија.

Фото: ФФМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе