Вести Економија Македонија Најважни

Институциите да ги објават млекарниците кои користеле млеко во прав и палмина маст

Млекарниците кои произведуваат сирење и млечни производи согласно стандардите и без употреба на репроматеријали како што се млеко во прав и палмина маст треба да бидат објавено од страна на надлежните институции, а не да се ставаат сите во исти кош бараат производителите, откако викендов од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи.

Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од декларираното. Игор Николов од млекарницата Николови во Свети Николе вели дека во млекарниците има постојано контроли и се земаат мостри од сировото сирење и од останатите млечни производи од страна на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство и тој е на став да се објават фирмите со такви наоди.

  • Се согласуваме со тоа што е откриено и е во ред, но мислам дека треба да се објави име и презиме на фирмите, производителите, трговците каде што се најдени тие наоди и артикли, каде што не се соодветно декларирани и да не стават и производители и трговци во ист кош. Еве конкретно за нашите производи имаме земено мостри и се во ред, но тоа никој не го знае и сега сите млекари не стават во ист кош и сите млекарници не се производители, како што треба вели Игор Николов млекарница „Николови“.

Николов посочува и дека за да се открие дали некоја млекарница или производител на млечни производи користи млеко во прав или палмина маст може да се провери и по увидот во документацијата, која фирма што увезува од овие репроматеријали.

  • Тоа можат да проверат од АХВ и по документите дали се користи палмино масло по увозот или по набавката на репроматеријали и тоа не е никаков проблем да се види, вели Николов.

И Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат кои се операторите со храна кои ги имаат измамено како потрошувачи и на кои им се одземени мостри и имаат добиено парични казни од 1.000 до 3.500 евра за помала млечна маст и користење на палмини масти, а овие производи со тежина од 500 килограми  веќе се и уништени на депонија.

Инаку во моментов има вишок на кравјо млеко, а недостасува овчото млеко, посочуваат млекарниците. Причината е намалувањето на стадата на овци минатите години.

Според податоците на Државниот завод за статистика лани , во споредба со 2024 година, вкупниот број говеда е намален за 0.9%. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства.

Додека пак вкупниот број овци во 2025 година бележи пад од 9.2%.

Викторија Јованова

Б.С. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе