Вести Економија

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 6,50 денари – нови цени од полноќ

Компанијата „Макпетрол“ ги објави новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска на полноќ.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Од вечерва на полноќ,  ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се продава  по цена од 85,50 денари, а новата цена на екстра лесното масло од 94 денари се намалува на 87,50 денари.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така се намалуваат денар и половина. Поевтинува и Мазутот М-1 НС за 3,238 ден/кг и сега ќе изнесува 47,906 ден/кг.

Дериват ден/лит ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС  – 95 87,50 86,00
ЕУРОСУПЕР БС  – 98 89,50 88,00
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 92,00 85,50
ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 94,00 87,50
БИОДИЗЕЛ Б6 БС 93,00 86,50
МЕТАН 73,50 ден/кг 75,50 ден/кг
АВТОПЛИН 53,00 ден/кг 51,00 ден/кг
МАЗУТ 51,144 ден/кг 47,906 ден/кг

Регулаторната комисија за енергетика претходно соопшти дека од 2.6.2026 година од 00:01 часот малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 3,238 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе