ПСЖ синоќа го победи Арсенал на пенали и ја освои втората титула по ред во Лигата на шампиони. УЕФА сезонава во елитното натпреварување подели неверојатни 2,4 милијарди евра преку наградниот фонд, а очекувано најмногу заработија финалистите.
Францускиот тим само со победата во финалето во Будимпешта инкасираше 25 милиони евра, додека Арсенал како поразен финалист доби 18,5 милиони евра.
Вкупната заработка на парижаните оваа сезона во Лигата на шампиони изнесува неверојатни 146 милиони евра, додека премиерлигашот заработи само три милиони помалку, односно 143 милиони евра.
Покрај финалистите, сезонава само уште четири клуба заработиле над 100 милиони евра од премиите на УЕФА — Баерн Минхен, Ливерпул, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.
Најмала заработка имаше дебитантот Каират Алмати од Казахстан, кој инкасираше 21,34 милиони евра.
