Вести Македонија Топ вести

Од 6 јуни почнува полагањето на матурата

Од идната сабота започнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 средношколци во државата. Годинава, согласно измените во Законот за средното образование, учениците ќе полагаат три вида матурски испити – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупно 14.587 пријавени ученици, 12.184 ќе полагаат државна матура, 2.276 државна стручна матура, а 127 државна уметничка матура.

Најголем дел од кандидатите се пријавени за тест по англиски јазик, додека помал број ќе полагаат математика, историја или други странски јазици.

Изборниот екстерен предмет ќе се полага на 6 јуни, а задолжителниот испит по мајчин јазик и литература е закажан за 11 и 12 јуни.

Од Државниот испитен центар информираат дека се преземени сите мерки за фер и безбедно полагање, а за организацијата ќе бидат ангажирани околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе