Вести Економија Македонија

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна

Во април годинава во однос на април лани реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 11.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во трговијата на мало во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 17.3  проценти, а реално за 11.3 проценти, а во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 1.1 процент, а реално е зголемена за 5.2 проценти.

Во Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 8.6 проценти, а реално за 9.3 проценти, а во Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 19.4 проценти, а номинално за 1.8  проценти, стои во податоците на Државниот завод за статистика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе