Вести Македонија Топ вести

На граничниот премин „Богорoдица“ долги колони возила за влез во Грција поради новиот ЕЕС систем

Долги колони возила има на граничниот премин „Богородица“ со Грција. Граѓани кои одлучија да го проминат продолжениот викенд во соседството, до Тelma.com.mk  испратија фотографии од граничниот премин. Тие велат дека повеќе од 40 минути колоната не се поместува, а возила има во сите 8 премини на границата..

Неофицијално им рекле дека „паднал ЕЕС системот“.

Чекањето на границата кон Грција се пролонгираше особено по воведувањето на новите европски правила за влез и излез..

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис денеска рече дека примената на овој систем ќе продолжи и покрај поплаките кои стигнале од други земји. За  долгото чекање, објасни дека е поради самиот процес кој одзема време но и поради застарената грчка инфраструктура. На средбата на која се одржа во пресрет на летната сезона, а на која покрај Хрисоходис присуствуваа и претставници од други надлежни институции, решение за долгите чекања на границите не се понуди.

„ Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од Северна Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива и, многу ми е жал, што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот, повторувам, е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“,  рече Хрисохоидис.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, настрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе