Неколку часа без струја останааа домаќинствата од Општина Центар. Од ЕВН потврдија дека има дефект на 10-киловолтен извор, односно проблем со преносот на електрична енергија од трафостаница до одредени напојни точки.
Дел од потрошувачите се префрлени на друга линија за напојување, а останатите ќе добијат струја по санација на проблемот, заради кој не работат ниту камерите на системот „Безбеден град“, а попладнево надвор од функција беа и семафорите во овој дел од Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
