Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Џиасинг изјави дека производството на роботи во Србија ќе започне помеѓу 10 и 20 јули и ќе се одвива во три фази, и изјави дека за два месеци Србија ќе има хуманоидни роботи, кои, како што рече, никој друг во Европа нема да ги има.
Тој изјави дека роботите во Србија ќе се произведуваат во три фази и дека првата фаза, имено склопувањето на роботите, ќе започне помеѓу 10 и 20 јули, а дека втората фаза се однесува на таканаречените фабрики за податоци или фабрики за обука на роботи.
Додаде дека третата фаза ќе вклучува употреба на вештачка интелигенција и дека Србија ќе биде на чело и дека за два месеци ќе има произведени хуманоидни роботи, кои, како што рече, никој друг во Европа нема да ги има.
-Никој друг во Европа нема она што Србија ќе го има за само два месеци. Видовме и научивме многу овде, а нивните компании растат со извонредна, чудесна брзина, рече Вучиќ.
