Спорт Фудбал

Малите клубови од Лондон и Мадрид сонуваат европска слава

Кристал Палас и Рајо Валјекано вечерва од 21 часот во Лајпциг ќе се соочат во големото финале во Конференциската лига на УЕФА. Двата тима го играат најголемиот натпревар во својата европска историја, бидејќи првпат ќе настапат во едно финале на УЕФА, а ова ќе биде и нивни прв меѓусебен дуел. Победникот, освен трофејот во Конференциската лига, ќе обезбеди и пласман во Лига Европа за следната сезона.

Кристал Палас и Рајо Валјекано се мали клубови од големи фудбалски градови. Двата клуба живеат во сенка на далеку поуспешните гиганти. Во Лондон тоа се Арсенал, Челси и Тотенхем, додека Рајо доаѓа од работничкото предградие Валјекас во Мадрид, град во кој доминираат Реал и Атлетико. Затоа ова финале е голема спортска приказна за помалите тимови од силните европски лиги, кои вечерва ќе се борат за свој момент на европска слава.

Премиерлигашот можеби влегува како благ фаворит во натпреварот. „На хартија“ има поквалитетен состав, но Шпанците знаат да бидат жилав и непријатен ривал.

За Палас ова е можност за прв европски трофеј и идеално збогување со тренерот Оливер Глазнер, кој заминува по финалето. Клубот лани го освои првиот голем трофеј во својата историја — ФА Купот, а сега може да ја заокружи најуспешната ера со европски пехар. Глазнер знае како се освојуваат европски трофеи, бидејќи во 2022 година ја освои Лига Европа со Ајнтрахт Франкфурт.

Адам Вортон и Крис Ричардс тренираа со тимот пред финалето откако имаа проблеми со повреди, но Глазнер не сакаше да потврди дали двајцата важни играчи ќе го почнат натпреварот. Неизвесен за настап кај Палас е и Борна Соса, додека надвор од комбинација се Шеик Дукуре и Еди Нкетија.

Кај Рајо, неизвесен за настап е Илиас Ахомаш, додека во тимот на тренерот Ињиго Перез се враќа Алваро Гарсија. Под знак прашалник се и Карлос Мартин и Диего Мендез.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе