„Кроација ерлајнс“ продолжува со кратење на дел од регионалните линии, при што најпогодени се рутите од Загреб кон Скопје и Сараево. Според специјализираниот портал EX-YU Aviation во јуни компанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно кон Скопје, наспроти девет во истиот период лани, додека кон Сараево се предвидени девет до десет летови неделно.
Намалувањата започнаа уште во зимската сезона, а како главни причини се наведуваат растечките оперативни трошоци, нестабилноста во европскиот авио-сектор и тековната реорганизација на флотата на компанијата. Дел од стратегијата е премин кон новата флота на авиони Airbus A220, што доведува до помал број летови, но со поголем капацитет по ротација.
Компанијата претходно најави и откажување на околу 900 летови во тековниот квартал… Паралелно, се нудат други превозници и алтерантивни конекции за делумно да се надомести намалувањето на авиолинии.
