Вести Економија Македонија Најважни

Дуел меѓу власта и опозицијата – зошто министерката за финансии не дојде на седницата за новото задолжување

Каде е министерката за финансии да го образложи новото задолжување – праша опозицијата на денешната седница во Собранието на која се дискутираше за предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка и за новата фискална стартегија.

„Ова е фискална стратегија за преживување, а не за раст“ рече опозицијата според која е катастрофално што  буџетскиот дефицит е искористен до мај годинава.

 

 

За заменикот министерот за финансии, Никола Јанкуловски фискалната стратегија е развојна. Тој ја обвини опозицијата дека го зголемиле јавниот долг кога биле на власт,  а не го подобриле животниот стандард.

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски праша каде е министерката за финансии и зошто таа не присуствува на седници кога државата се задолжува. Од власта одговорија дека таа била на службен пат.

Според опозицијата, тоа што државата побарала повеќе пари – 300 милиони евра, а добила помалку -260 милиони е намалување на довербата кај странските финансиски институции. Власта го правдаше задолжувањето тврдејќи дека парите се потребни за враќање на стари долгови и буцетски потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе