Првенствата можеби завршија, но домашната фудбалска сезона ќе се комплетира в недела со бараж-натпреварите за пополнување на Првата лига. Четири тима, два прволигаши и два второлигаши, ќе се борат за последните две места во елитата за следната сезона.
Бараж-натпреварите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела, на 31 мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и во Кавадарци.
На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје, додека на Градскиот стадион во Кавадарци ќе играат Пелистер и Шкендија Арачиново.
Победниците од овие дуели следната сезона ќе бидат дел од елитното фудбалско друштво во Македонија, додека поразените ќе настапуваат во Втората лига.
Почетокот на двата натпревари е закажан за 16 часот и 30 минути.
ФОТО: ФФМ
