Вести Свет Топ вести

Приведени 23 лица за немирите по синоќешниот протест во Белград

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека 23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци, додавајќи дека полицијата интервенирала со минимална употреба на средства за принуда дури откако биле нападнати. Дачиќ на прес-конференција нагласи и дека има повредени полицајци.

Според него, дури и по предупредувањето на директорот на полицијата дека јавниот собир во Славија треба да помине и да заврши мирно, јавниот ред и мир биле драстично нарушени и се случиле неиспровоцирани напади врз полицијата.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа оцени дека студентите во блокада за време на вчерашниот собир во Белград не го покажале својот план и програма, туку „само својата насилна природа“.

Во видео порака објавена на Инстаграм, тој рече дека нападите врз полицијата испраќаат лоша слика за Србија во светот.

На секој митинг ги има се помалку… По вечерашното насилство од страна на блокадерите на улиците на Белград, уште еднаш ги поканувам на дијалог и се надевам дека ќе разберат дека оние кои не размислуваат како нив се луѓе и граѓани на Србија, рече Вучиќ.

Во Белград вчера попладнето се одржа протест органзииран од студентите во блокада на кој присуствуваа десетици илјади граѓани, за време на кој академиците презентираа дел од нивната политичка програма поврзана со образованието, економијата, правдата и други области.

Половина час по завршувањето на протестот, се случија инциденти во центарот на Белград, во близина на Пионирски парк каде што мала група маскирани лица фрлија пиротехнички средства и други предмети кон полицијата, по што тие возвратија.

Главниот дел од митингот започна малку по 18:00 часот, траеше до 20:00 часот без никакви проблеми, а инцидентите се случија половина час по митингот.

Студентите во блокада по немирите објавија дека десетици лица биле претепани и приведени, како и дека неколку академици моментално се наоѓаат во Ургентниот центар и во полициските станици.

Вишото јавно обвинителство на Белград соопшти дека сите кои по завршувањето на јавниот собир на Славија нападнале полицајци ќе бидат идентификувани и кривично гонети.

Директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, изјави дека 34.300 граѓани се собрале на вчерашниот студентски протест во Белград.

Организацијата „Архив на јавни собири“ претходно соопшти дека снимките укажуваат дека собирот во Белград „е во ранг на најголемото студентско собирање досега“.

Проценката за над 100.000 луѓе е тешка и ние нема да ги објавиме податоците вечерва. Ја предупредуваме јавноста за очекуваните дезинформации и намалување на бројките од страна на полицијата и режимските медиуми, објави организацијата на социјалната мрежа X.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе