Спорт Фудбал

Керик останува на клупата на Манчестер јунајтед до 2028 година

Мајкл Керик останува на клупата на Манчестер јунајтед и добива двегодишен договор, откако како привремено решение го врати тимот во Лигата на шампиони.

Клупската легенда го презеде Јунајтед во јануари, по отказот на Рубен Аморим, и за кратко време драстично ги подобри резултатите. На 16 натпревари во Премиерлигата имаше 11 победи. „Црвените ѓаволи“ се изборија за пласман во елитното европско натпреварување, па челниците на клубот решија да му дадат нов договор до јуни 2028 година.

Керик е добро познато име на „Олд Трафорд“. Како фудбалер одигра 464 натпревари за Манчестер јунајтед и освои голем број трофеи, меѓу кои пет титули во Премиерлигата, Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе