Вести Македонија

Аврамов: Новата одредба на законот за игри на среќа носи ризик од нетранспарентно трошење пари наменети за ранливите групи

Граѓанските организации реагираат на предложените законски измени поврзани со распределбата на средствата од игрите на среќа, предупредувајќи дека може да бидат загрозени услугите за ранливите категории граѓани.

Атанас Аврамов од Мрежата за заштита од дискриминација во „Топ Тема“ на Телма изјави дека организациите кои работат со ранливи групи не се против законските измени во целина за Законот за игри на среќа, туку предупредуваат на последиците од конкретната одредба.

„Парите кои доаѓаат од граѓанските организации не се за граѓанските организации туку се за услуги коишто ги нудат тие здруженија за овие ранливи групи. Тука спаѓа психосоцијалната поддршка, дневните центри за лицата со попреченост, шелтер центри за жртвите од семејно насилство“, изјави Аврамов.

Тој посочи дека постои опасност средствата да се распределуваат без јасни критериуми и без гаранција дека ќе завршат кај организациите кои директно работат со граѓаните.

„Првата опасност е дека парите би завршувале за потреби кои не ги адресираат вистинските потреби на ранливите групи, и другиот момент е нетранспарентното трошење. Бидејќи со таквата генерална одредба не се предвидува во принцип каде тие пари ќе преминат“, рече Аврамов.

Тој додаде дека реакцијата веќе е доставена до институциите, бидејќи законот не бил објавен на ЕНЕР, што според него ја ограничило можноста за јавна дебата и навремени забелешки од граѓанскиот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Присутните полицајци не помагаа кога изби пожарот во дискотеката, рекоа сведоци на судењето за обвинетите полицајци за „Пулс“

Дејан Дејан

Непознат багерист урна дел од куќа во Штип во која спиеле двајца браќа – тие тврдат дека куќата е на нивните родители

Дејан Дејан

Фостер од први август ќе се зема без доплата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе