Спорт Тенис

Вимблдон без двократниот шампион: Алкараз не е подготвен за кам-бек

Двократниот шампион Карлос Алкараз ќе го пропушти овогодишното издание на Вимблдон поради повреда на десниот зглоб на раката. Шпанецот последен пат настапи на тениските терени на 14 април во Барселона.

Алкараз денеска преку социјалните мрежи објави дека рехабилитацијата оди во добра насока, но дека сè уште не е подготвен за враќање на теренот. Поради тоа, официјално се повлече од турнирот во Квинс, како и од грен слемот Вимблдон.

Светскиот рекет број 2 ја почна сезоната на фантастичен начин со освојување на Австралија опен, но потоа следуваше серијата проблеми со повредата, а паралелно со тоа и доминацијата на Јаник Синер. Алкараз последен пат играше на турнирот во Барселона, каде во првото коло го победи Ото Виртанен, но поради повредата на зглобот мораше да се повлече од натамошниот дел од турнирот.

Потоа не настапи на мастерсите во Мадрид и Рим, се откажа и од Ролан Гарос, а сега е јасно дека нема да биде дел ниту од сезоната на трева.

Алкараз е седумкратен грен слем шампион, а Вимблдон го освојуваше во 2023 и 2024 година. Неговото отсуство е голем удар за турнирот во Лондон, но и дополнителна шанса за Синер да ја продолжи доминацијата сезонава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе