Вести Економија Македонија

Марковски: Становите се скапи, а често не нудат ни основен квалитет за живеење

Намалената побарувачка на станови во првиот квартал од годинава може да биде последица на глобалната економска неизвесност и стравот кај граѓаните да инвестираат, смета универзитетскиот професор Горан Марковски. Во „Топ Тема“ тој оцени дека покрај цената, сѐ поважно прашање е каков квалитет добиваат граѓаните за парите што ги плаќаат.

„Навистина е тешко да се предвиди како ќе се движат работите понатаму. Според досегашните анализи, во овој период има намалување на побарувачката, но тоа може да е поради светската криза. Во вакви периоди луѓето се плашат да инвестираат. Во крајна линија, не е ни чудно да се намали интересот бидејќи ресурсите не се толку големи за овие станбени единици да бидат полни“, изјави Марковски.

Тој посочи дека кај недвижностите не треба да се гледа само апсолутната цена, туку и реалната вредност што ја добива купувачот.

„Кога говориме за цена на становите, јас би вовел категорија на релативна цена, не апсолутна цена. Уште посуштествено прашање е колкав квалитет купуваме за таа цена што ја плаќаме. Од она што јас го знам, со чест на исклучоци, во голем број случаи становите кои се продаваат ни од далеку не го нудат потребниот квалитет. Почнувајќи од урбанистичкото решение, блискоста со соседите, немањето јавен простор, игралишта за деца, зелени површини и градинки кои ќе ги опслужуваат тие населби“, рече Марковски.

Осврнувајќи се на причините поради кои граѓаните и понатаму инвестираат во недвижности, тој истакна дека традиционално вложувањето во станови се смета за најсигурна инвестиција, особено поради недоволно развиениот пазар на капитал и релативно поволните станбени кредити.

Марковски додаде дека постојат и сомнежи дека дел од инвестициите во градежништвото се поврзани со перење пари, иако, како што нагласи, не може тоа да го тврди со сигурност.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе