Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска објави дека ќе формираат „Фронт за вистина и правда“ кои ќе го сочинуваат опозициски партии, невладини организации, интелектуалци и кои ќе се потпира на 4 столба – нулта толеранција за корупција, иднина за младите, подобар стандард и силно село за земојделците.
Филипче денеска го претстави првиот столб – нулта толеранција за корупцијата кои опфаќа повеќе мерки. Тој најави дека се планира да се донесе закон за нулта толеранција на корупцијата и целосна дигитализација што ќе овозможи полна имплементација и проширување на соработка со европското обвинителство, директна размена на информации и можност европските обвинители да ги истражуваат случаите на високата корупција. Ќе се финансира преку ИПАРД фондовите на ЕУ и буџетот на Јавното обвинителство.
Понатаму се предвидува основање на нова антикорупциска агенција, која ќе биде независна со сопствен буџет и истражители и ќе се воведе целосна дигитализација на јавните набавки и услуги.
За да се мотивираат свиркачите да пријавуваат коруптивни зделки, ќе се наградуваат парично и ќе добиваат од 5 до 15% од вратените пари. Филипче најави и воведување на јавен регистер на црни листи – на секој осуден за корупција ќе му биде забрането да се занимава со политика или да учествува во тендер за јавни набавки.
Според Филипче, овие мерки од корен ќе го сменат системот.
„Граѓаните повеќе не веруваат на овој систем. Не може само празни зборов, а ништо не се менува. Потребна е конкретна работа која на граѓаните ќе им даде гаранции. Ова не е само закон туку гранција дека корупцијата ќе има име и презиме“, рече Филипче.
