Останато Спорт

Македонија без најдобрата на ЕП: Мојсовска се повлече поради проблеми во репрезентацијата

Најуспешната македонска каратистка за 2025 година Ангела Мојсовска објави дека се повлекува од настап за репрезентацијата на претстојното Европското првенство што ќе се одржи во Франкфурт од 20 до 24 мај годинава.

Не се работи за повреда, туку одлуката доаѓа поради лошиот начин на кој се води репрезентацијата и искуството од последното Светско првенство.

Мојсовска, која е долгогодишен репрезентативец и освојувач на бројни медали, го освои првото место на последното Државно првенство со што се избори за настап во националната селекција, вели дека има сериозни пропусти во репрезентацијата кои директно влијаат на резултатите.

„Оваа одлука произлегува од моето лично искуство за време на последното Светско првенство, но и сите претходни натпревари организирани од Светската Карате Федерација , од начинот на кој беше водена селекцијата и раководен тимот од страна на селекторот“, истакнува каратистката на „Макпетрол“.

Таа не ја затвора целосно вратата да се врати во репрезентацијата, но под поинакви и далеку подобри услови.

„Мојата љубов кон каратето и кон Македонија останува непроменета и се надевам дека во иднина ќе се создадат околности во кои повторно ќе можам да ги претставувам боите на мојата земја така како што заслужува“, додава Мојсовска во своето јавно обраќање.

Повлекувањето на една од најдобрите каратистки е сериозен удар за националниот тим. Воедно е и јасен сигнал дека без системски промени, Македонија ризикува да го изгуби квалитетот и континуитетот на резултати во еден од своите најтрофејни спортови.

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната изјава на Ангела Мојсовска.

„Јас, Ангела Мојсовска, најдобра каратистка за 2025 година , една од најдобрите спортисти на град Скопје за 2025 година, најуспешна жена во спортот за 2025 година и долгогодишна репрезентативка на Македонија, со чест и гордост ја претставував нашата земја на сите европски и светски натпревари, како во поединечна, така и во екипна конкуренција.

И покрај тоа што на последното Државно првенство повторно го освоив првото место во поединечна и екипна конкуренција, донесов лична одлука да не настапам на следното Европско првенство.

Оваа одлука произлегува од моето лично искуство за време на последното Светско првенство, но и сите претходни натпревари организирани од Светската Карате Федерација , од начинот на кој беше водена селекцијата и раководен тимот од страна на селекторот.

Сметам дека пристапот на водењето, како во поединечниот, така и во екипниот дел, не беше на нивото кое го заслужува еден репрезентативен тим, што во одредени моменти, според моја процена, директно влијаеше врз конечниот резултат и можеше да не чини и медал.

Поради тоа женскиот тим, голем број поединци меѓу кои и јас не забележавме многу повисоки резултатски постигнувања. За секој спортист е клучно да има доверба и професионален однос со оние кои треба да го водат тимот, а во овој момент тие услови за мене не се исполнети. Свесна сум за одговорноста што ја носам како репрезентативка, но сметам дека додека не настанат промени во пристапот и условите за работа, не сум во позиција да продолжам со настапи за репрезентацијата.

Мојата љубов кон каратето и кон Македонија останува непроменета, и се надевам дека во иднина ќе се создадат околности во кои повторно ќе можам да ги претставувам боите на мојата земја така како што заслужува“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе