На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор 24 часовен полициски надзор по предлог на Обвинителството. Груби е во притврор за злоупотребите во Државна Лотарија.
Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23-ти февруари, но наместо затворски притвор поради безбедносни закани, обвинителството бараше, а судот додели домашен притвор.
Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.
Груби досега не дал исказ пред обвинител, а одбраната речиси заврши со разгледување на документацијата во предметот.
