Вести Македонија Топ вести

Отворен центар за обезност во Штип – што се советите за пациентите

Од 30 до 35% од населението се дебели. Оваа болест во изминатите години достигнува алармантни размери велат ендокринолизите, а особено предупредуваат за развојот на децата. Секој осми човек во светот се соочува со обезност. Во Штип во поранешната модуларна болница отворен е центар за обезност, со цел лицата со прекумерна телесна тежина да добиваат редовна тераприја и совети како да се справат со болеста.

„Со отварањето на овој центар пациентите имаат каде за прв пат да се обратат, односно каде да бидат третирани нивните коморбидитети. Покрај обезноста, која знаеме дека не е само натрупување на масно ткиво во организмот, туку е придружено со останати заболувања, како дијабетес тип 2, хормонални нарушувања, метаболен синдром и ова претставува значајна придобивка за пациентите од овој источен регион и за нивното здравје“, вели Стојка Докузова ендокринолог КБ Штип.

Пациентите треба да  закажат преку системот „Мој термин„, да имат упат од матичен лекар и да приложат основни лабараториски анализи. Во фокус на испитувањето ќе бидат вредностите на шеќерот во крвта, функцијата на црниот дроб, како и нивото на добар и лош холестерол.

„Целта е да се понуди терапија со помош на која ќе се обезбеди една нормална здрава телесна тежина и ќе се намалат здравствените ризици на пациентите. Што се однесува до терапијата потребно е кај сите промена на животниот стил“, рече ендокринологот Валентина Велковска.

Пациентите ќе имаат и прирачник за правилна исхрана, кој го имаат напишано група на македонски ендокринолзи и дијабетичари. До 2035 година  се очекува бројот на дебели луѓе да достигне околу 4 милјарди.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе