Вести Најважни Свет

Не е постигнат договор по маратонските разговори САД-Иран во Пакистан

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека не е постигнат договор со Иран по маратонските разговори во Пакистан. Според него, Иран не ги прифатил условите поставени од Вашингтон и одбил да се обврзе дека ќе се откаже од производство на нуклеарно оружје.

„Лошата вест е што не постигнавме договор и мислам дека тоа е многу полоша вест за Иран отколку за Соединетите Американски Држави. Се враќаме во САД без договор. Кажавме многу јасно кои се нашите црвени линии“,  изјави Венс.

Од Министерството за надворешни работи на Иран соопштија дека несогласувањата околу „две или три“ клучни прашања спречило постигнување на договор.

Следните чекори остануваат неизвесни – додека државните медиуми во Техеран објавија дека во моментов нема планови за нова рунда разговори, портпаролот на Министерството за надворешни работи, како што пренесе CNN, изјави дека дипломатијата никогаш не запира.

Иранската влада, претходно, соопшти во објава на „Икс“ дека разговорите се завршени, а технички експерти од двете страни ќе разменуваат документи. „Преговорите ќе продолжат и покрај некои преостанати разлики“, се наведува во соопштението, без да се прецизираат детали.

Властите во Пакистан изразија подготвеност да ја продолжат посредничката улога. 

Кои се основните барања на САД и Иран

Клучен спорен момент е контролата врз Ормуската Теснина. Иран инсистира на контрола и воведување транзитни такси, додека САД бараат слободна и безбедна пловидба без такси. Вашингтон, исто така, бара Иран да предаде над 400 килограми високо збогатен ураниум, да ја прекине нуклеарната програма и да прифати ограничувања за балистичките ракети.

Техеран, пак, бара ослободување на замрзнатите средства, исплата на репарации за воените штети, укинување на сите санкции, гаранции за ненапаѓање и повлекување на американските сили од Блискиот Исток.  Разговорите во Исламабад кои траеа 21 час, беа први директни меѓу САД и Иран по повеќе од една деценија и највисоко ниво на контакти по Исламската револуција во 1979 година.

Исходот од нив се смета за клучен за иднината на кревкото двонеделно примирје и за евентуалното отворање на Ормуската Теснина – рута преку која минуваат околу 20 отсто од светските енергетски залихи и која Иран ја блокираше по почетокот на конфликтот. Војната доведе до нагло поскапување на нафтата и илјадници жртви.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе