Uncategorized Вести Најважни Свет

Рекордна излезност на изборите во Унгарија – до 13 часот гласале повеќе од 50%

Долги редици пред гласачките места во Унгарија каде денеска се одржуваат парламентарни избори на кои актуелниот премиер Виктор Орбан кој 16 години е на власт се соочува со најтешкиот изборен предизвик – дали ќе ја задржи власта по  растечката популарност на  на централно десничарската проевропска партија Тиса предводена од поранешниот лојален партиски функционер Петер Маѓар. Ова е клучен момент за Орбан, лидерот со најдолг стаж во Европската унија и еден од нејзините најголеми антагонисти. Избирачките места се отворија во 6 часот и ќе зтаворат во 19 часот.

Орбан и неговиот главен противкандидат Петер Маѓар пристигнаа на одделни гласачки места во Будимпешта и речиси истовремено го дадоа својот глас. Пред новинарите, 62 годишниот Орбан се рече  дека е убеден во победа.

„Тука сум за да победам“ рече Орбан и ги повика младите да излезат на гласање.

„Им се обратив (на младите гласачи) неколку пати за време на кампањата: дојдете и гласајте“, порача тој.

Победа очекува и неговиот противкандидат Маџар според кој големата излезност на гласачките места може да е сигнал дека Унгарците ќе испишат историја.

Маџар ветува „промена не режимот“, ресетирање на односите со Европската унија и крај на блиските односи со Русија. Тој ги повика граѓаните да гласаат во поголем број зашто како што рече секој глас е важен и ги повика да пријават било какви нерегуларности за време на гласањето. Тој за време на кампањата го критикуваше Орбан и за економската стагнација и порастот на животните трошоци и за корупција.

Орбан од друга страна ужива поддршка од американскиот претседател Донад Трамп кој ги повика Унгарците да излезат и да гласаат за неговиот „вистински пријател борец и победник“.

И на последниот изборен митинг, Орбан рече дека победата е на дофат и ги повтори главните теми кои ги потенцираше во кампањата против Брисел и Украина. „Нема да ги дадеме нашите деца, нашето оружје и пари“, рече Орбан.

Според Изборната комисија на Унгарија,  до 13 часот гласале 54,14 проценти од гласачите, пренесе МИА.

На веб-страницата на Националната изборна канцеларија е наведено дека за денешното гласање се регистрирани 7.527.742 гласачи, и дека 16,89 проценти од нив гласале до 9:00 часот наутро, додека 37,98 проценти гласале до 11:00 часот.

Тоа претставува значително зголемување на излезноста во споредба со претходните два изборни циклуси – 42,32 проценти од гласачите гласале до 13 часот во 2018 година, а 40,01 процент во 2022 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе