Вести Македонија Топ вести

Седницата во Апелaција по жалбите за доживотните казни за убиствата на Вања и Панче не се одржа

Се одложи седницата во Апелација по жалбите на Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои се осудени на доживотен затвор за грабнувањето и свирепите убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски. Судијата-известител за предметот Лирие Елези-Ајрулау го одложи рочиштето поради тоа што Видевски не беше во можност да присуства, бидејќи е хоспитализиран на државаната клиника. Неговиот адвокат Бојан Манев изјави дека здравствената состојба на Видевски е влошена.

„Пред два дена се изгубил буквално во притворското одделение поради неговите проблеми со бубрегот бидејќи човекот живее со еден бубрег кој што му е дониран. Континурина не е лекуван во затворските услови затоа што и не може да биде лекуван бидејќи има континуирана потреба од дијализа“, рече адвокатот Бојан Манев.

Според Манев, неговиот клиент бил однесен на лекар во август лани, а потоа во март годинава. Доколку не биде во можност да присуствува на рочиштето, Манев уверува дека ќе обезбеди согласност од него, но се пожали дека проблемот е системски.

„Човекот доколку има соодветен болнички третман и соодветно лекување нема да има проблем да присуствува на рочиштето. Моментално обвинетиот е во Шутка, меѓутоа притвор е и Шутка,  притвор се и  болнички услови, притвор е и домашен притвор“ рече адвокатот Манев.

Според првостепената пресуда, обвинетите добија по 10 години затвор за грабнувањата, а доживотен затвор за убиствата. Целта им била да изнудат пари од  мајката на девојчето. Жалба има поднесено и обвинителството за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Наредното рочиште е закажано за 11 мај.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Што претходеше на епидемијата во Гостивар – насилни протести, известувања за да не се пие водата, интервенции во мрежата

Sonja Petrusevska

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе