Вести Македонија

Директорка на основно училиште добивала закани од сопруг на нејзина колешка – ѝ бил запален и автомобилот

Директорка на основно училиште во Скопје со месеци добивала закани од сопруг на нејзина колешка. Причина за заканите кои траеле од декември лани била инспекцијата од Државниот просветен инспекторат кој утврдил дека сопругата на заканувачот приложила фалсификувана диплома во училиштето. На директорката дента за Нова година ѝ бил запален и автомобилот пред нејзината куќа..

Заканите таа вчера ги пријавила и во полиција, од каде соопштија дека работат на расчистување на случајот.

„34-годишна жена од скопско пријави дека од декември 2025 година до денот на пријавување во својство на директор на основно училиште добивала закани од З.Р.. Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р. вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Таа пријавила и дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило“, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе