Вести Култура Македонија

Уставниот суд ќе ја преиспитува уставноста на Колективниот договор за култура

Уставниот суд ќе го преиспитува Колективниот договор за култура. Откако адвокатот Томислав Стефков поднесе иницијатива за оценување на неговата уставност и законитост, судиите на денешната седница изразија сомнеж дека договорот е спротивен и на законите и на Уставот. Според судијата известител Татјана Васиќ – Бозаџиева, спорно е што платите се пресметувале според Колективниот договор, а не согласно Законот за култура.

„Законот за култура не ја утврдува конкретната методологија за пресметка на платите, не утврдува коефициенти на сложеност и не предвидува јасна формула за пресметка. Наместо тие суштински елементи да бидат уредени со закон, тие се уредени исклучиво со Колективниот договор“, изјави Татјана Васиќ- Бозажиева, судија – известител во Уставниот суд.

Според Бозаџиева спорен е и членот 78 љ од Законот за култура, со кој требало да се уредат платите и додатоците на плати во културата, а со него се остава основачот да го реши тоа прашање. Во врска со платените отсуства од работа за доусовршување дома или во странство, од членот 53 од Колективниот договор, судијата Осман Кадриу констатира дека останатите вработени од јавниот сектор се дискриминарани зашто немаат такви поволности како вработените во културата.

„Сме докторирале надвор од земјата, па не сме можеле да помислиме на еднонеделно платено отсуство , а не платено отсуство 3 години. Која земја со нејзиниот капитал може да издржи вакви давачки?“, рече осман Кадриу, судија во Уставен суд.

Но, според судијата Добрила Кацарска, во Колективниот договор нема ништо неуставно. На забелешката на иницијаторот за оценување на уставноста на договорот дека по неговото склучување не бил пратен во Финансии за мислење, Кацарска со одговор дека во 2019 година немало таков Правилник.

„Овој Колективен договор е склучен во 2019 година кога всушност ваква обврска за барање мислење од Министерството за финансии не постои. Правилникот е донесен во 2020 година, а уште повеќе во 2022 година, овој суд со своја одлука го укинал членот 2, став 2, алинеа 6 од Правилникот“, рече Добрила Кацарска- судија во Уставен суд.

Денешната расправа е прв чекор кон укинување на Колективниот договор, негово поништување или запирање на постапката. Уставниот суд треба да донесе конечна одлука во следниот период.

Иницијативата за оценување на уставноста на Колективниот договор се случува цела година по конфронтациите меѓу СКРМ и Министерството за култура, за начинот на пресметка на платите во секторот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

По поскапувањето на терапиите и недостигот на заменски лекови, уште една ранлива категорија пациенти стравува дека може да остане без терапија

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе