Вести Спорт

Кугларите на „Макпетрол“ ја освоија 25 титула на шампионатот на Македонија

Кугларски клуб „Макпетрол“ испиша нова златна страница во својата историја. Скопската екипа освои двојна круна оваа сезона во домашните натпреварувања, односно шампионска титула во лигата, како и Купот на Македонија. Со овој успех, тимот 25 пат е првак на земјава и 14 пат се закитува со националниот куп, со што уште еднаш е потврдена доминацијата на сите фронтови.


Титулата во лигата е освоена со перфектен учинок (12 победи во 12 натпревари), што ја нагласува стабилноста и одржливиот квалитет на екипата во текот на целата сезона. Резултатите ја истакнуваат силата на тимот и континуитетот што „Макпетрол“ го гради со години во македонското куглање.

Во финалето на Купот, одиграно во саботата, „Макпетрол“ го совлада КК „Вардар 2014“ со 6-2, со вкупен резултат 3325-3240, заокружувајќи ја сезоната со уште еден трофеј. Со новата двојна титула, клубот повторно ја потврди својата лидерска позиција и статусот на најтрофеен и најуспешен кугларски колектив во домашни рамки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе