Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во Будимпешта да му помогне на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја надополни разликата во поддршката која предизборните анкети ја покажуваат помеѓу неговата партија Фидес и опозициската Тиса.
Орбан е омилениот странски лидер на МАГА базата во Соединетите држави, но обидот на бројни влијателни нејзини членови да му помогнат засега има контраефект. Разликата во поддршката помеѓу опозицијата и власта се зголеми по посетата на американскиот Државен секретар Марко Рубио во февруари, а сега на само неколку денови пред изборите таа изнесува 10 проценти во полза на опозициската Тиса.
Орбан се надева дека и по 16 години поминати на власт ќе успее да освои уште еден мандат, но опозицискиот лидер Петер Маѓар досега вешто ги искористи бројните корупциски и политички афери кои го обележаа владеењето на Орбан, за да се претвори во досега најсериозниот предизвикувач на долгогодишниот премиер.
