Заострување на критериумите за оние членови на Советот на јавни обвинители кои ги бира Собранието како истакнати правници, прецизни пократки рокови за дисциплинските постапки против обвинителите пред Советот, членовите на Советот на обвинители повеке да немаат можност да гласаат воздржано туку ќе мора да се изјаснат – за или против, предвидена е и процедура за разрешување односно изгласување недоверба на претседателот на Советот. Ова се дел од новините на законот за јавно обвинителство што ги претстави на јавната расправа професорката Александра Деаноска Трендафилова, која е дел од работната група што го подготвувашше законското решение.
„Член на Советот може повторно да биде избран, но не последователно, односно мора да помине период од четири години.Тоа е со цел да немаме луѓе што ќе заседнат на оваа позиција бидејќи таквите позиции се ранливи“, рече Александра Дејаноска Трендафилова, универзитетска професорка.
Експертите посочија дека законот е чекор напред во однос на претходниот. Имаа и низа забелешки меѓу кои и дека одредбите се многу декларативни и генерални. За дел од нив проблематична е одредбата според која разрешениот обвинител има право на тужба пред Управен суд но само по однос на законитоста на постааката . Посочија дека судот не може мериторно да одлучува за разрешувањето туку само процедурално.
„Со овој член Советот се издигнува над државата и над судот и затоа го именувам како уставен атентат. Овој закон не ја зајакнува самостојноста. Тој ја цементира зависноста преку прецизно дизајнирани механизми на легалистички авторитаризам. Моја финална препорака е итна и безусловна ревизија на целиот текст“, рече Ана Чупевска, универзитетска професорка.
„Иако не бев дел од работната група за овој закон, точно е дека се следи развојната стратегија и преку ваков закон се зајакнува улогата на Советот на јавните обвинители од она што можам да го видам во одредбите“, рече адвокатката Ружица Николовска.
Законот за совет на јавни обвинители е дел од реформската агенда. Претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов, најави дека амандманската расправа за овој Закон ќе продолжи на 20 април.
Елена Ивановска Мукоска
