Вести Економија Македонија

Стартува изградбата на далекуводот Битола – Елбасан

За најмногу три години треба да биде прикачен на енергетската мрежа 400 киловатниот далекувод Битола – Елбасан чиј камен темелник беше поставен денес во близина на граничниот премин Ќафасан. Станува збор за стратешки далекувод преку кој ќе се заокружи енергетската поврзаност долж Коридорот 8 и спојување на мрежите од Бугарија, преку Македонија и Албанија до Италија.

Поголема регионална поврзаност, зајакнување на енергетската мрежа и отворање на ново поглавје во зелената агенда на Македонија се три клучни бенефити од далекуводот.

Со оваа интерконекција ја затвораме последната енергетска алка на паневропскиот коридор 8. Тоа е нашата амбиција, нашата земја да не биде периферија на енергетските текови туку да бидеме центарот што ги следи промените. Токму затоа овој проект не е изолиран потег. Тој е дел од пошироката стратегија на МЕПСО за развој и модернизација на националната преносна мрежа. Во таа рамка веќе работиме на други клучни правци“, рече Бурим Љатифи, директор на МЕПСО

Албанија веќе има реализирано 80 отсто од проектот во делот до Ќафасан. Овој далекувод има значајна улога во трансформацијата на енергетскиот систем на државата кон обновливи извори на енергија.

„Проектот за 400 киловотната линија Елбасан – Битола претставува една од најзначајните алки на енергетскиот коридор Исток – Запад како дел од Коридорот 8.  Тој затвора историски јаз во регионалната мрежа и создава директна врска меѓу нашите енергетски системи овозможувајќи неограничена размена на електричната енергија и значително зголемување  на сигурноста на снабдувањето во двете земји“, рече Енеа Каракачи, министер за инфраструктура и енергетика на Р.Албанија

Изградбата на овој далекувод дава безбедност на енергетската мрежа и сектор и стабилност кај стопанството и граѓаните. Застојот во реализацијата на проектот е загуба за дравата и регионот.

„За прв пат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој. Во енерегтиката нема изолирани системи, нема затворени кругови, секој систем дише заедно со другите. Овој проект не беше лесен, напротив беше еден од најкомлексните со кои што сме се соочиле. Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година договорот потпишан во 2020 година, а реализацијата речиси непостоечка“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

Министерката за енергетика Сања Божиновска истакна дека со овој далекувод се модернизира системот и се оди кон уште поцврста и побезбедна енергетска независност која е приоритет.

Според планот на МПЕСО, градежните работи треба да бидат завршени најдоцна за 900 дена од поставувањето на камен темелникот а реализацијата ќе чини околу 20 милиони ера од кои дел се преку ЕБОР. Го изведува конзорциум предводен од хрватската „Далековод“ фирма ќерка на „Раде Кончар“ откако државата го раскина договорот со босанската „Енергоинвест“.

Огнен Чанчаревиќ

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе