Вести Магазин Топ вести

Избирачките одбори во Битола се уште не се исплатени

Членовите  на избирачките одбори од Битола, кои беа ангажирани за локалните избори одржани во октомври минатата година, се жалат дека се уште не ги добиле целосно надоместоците за својата работа. Ова прашање беше отворено и на последната седница на Советот на Општина Битола.  Откако градоначалникот Тони Коњановски кажа дека голем дел од ставките во минатогодишниот буџет имаат стопроцентна реализација, опозицијата побара одговор зошто се уште не се исплатени средствата за избирачките одбори.

Поминаа четири месеци од завршувањето на изборите, се обраќаат граѓани кои биле ангажирани и прашуваат кога ќе им бидат исплатени средствата. Кога толку добра е ситуацијата во Општината, мислам дека е редно после четири месеци да им се исплатат средствата на луѓето, изјави  Александар Дракуловски, советник  од СДСМ.

Градоначалникот Тони Коњановски  најави дека исплатата ќе  заврши до крајот на март.

 „Целта на учеството во избирачки одбор е да дадете нешто за државата. Ве избрале и треба оваа граѓанска должност која секој треба да ја чувствува да ја одработите најдобро што можете.  Одговорностите се погромни, но се надевав  дека луѓето не го прават тоа за финансиски надомест. Меѓутоа, точно е тоа, државата предвидела  и средствата  ќе бидат исплатени до крајот на месецот“, изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола. 

Инаку, членовите на избирачките одбори се избираат по случаен избор од редот на вработените во администрацијата, а за нивниот ангажман за време на изборите им следува надомест, утврден согласно правилникот на Државната изборна комисија. На членовите од Општина Битола досега им се исплатени 25 проценти од сумата.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минималната синдикална кошничка над 1.100 евра

Sasko Dimovski

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дете

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе