Вести Македонија Топ вести

Дали законот за пушење се менува под притисок на угостителите

Се прекројува законот за заштита од пушење и влегува во финална фаза пред да се најде пред пратениците. Но, се отвора клучното прашање дали Владата почнува да попушта под притисок на угостителите? Она што на почетокот беше поставено како строго правило, пушачки зони исклучиво со три отворени страни сега се ублажува. Наместо три, ќе бидат доволни две, а за објектите што немаат услови за дополнителни интервенции, како отворена страна ќе се признава и покривот.

„Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни, просторот, терасите може да се дозволи да се пуши заради тоа што воздухот цури, се чисти воздухот внатре квалитетот на воздухот. Но од другата страна и од економска гледна точка знаете дека само во Скопје имаме над седум илјади угостители коишто имаат тераси. Според структурата на градот и во другите градови но посебно во Скопје поголем дел од тие угостителски објекти се со таква инфраструктура коишто е невозможно да имаат три страни отворени на пример аголни итн кои што од едната и другата страна имаат објекти – вие не можете да урнете објект за да имате три страни отворени. Ние затоа ставивме во законот да може и кровот да биде отворен и да се третира, бидејќи се докажа дека со третирање и на кровот како една од страните како отворена, воздухот за неколку секунди исто така се чисти“, рече министерот за здравство Азир Алуи.

 Но компромисот не значи и олеснување на сите правила. Напротив угостителите ги чекаат сериозни зафати. Ќе мора јасно да ги раздвојат пушачките од непушачките зони, па дури и да обезбедат посебен влез за делот каде што се пуши.

„Едно од најголемите да кажеме инфраструктурни зафати коишто треба да ги имаат сите бизниси коишто се занимаваат со ваков тип на услуги ќе мора со закон да направат влез во самиот угостителски објект којшто е одвоен од просторот каде што се пуши. Фактички идејата на законот е да ги штитиме сите граѓани коишто не пушат, а да им одредиме место на граѓаните коишто пушат каде тоа може да се пуши“ рече Азир Алиу министер за здравство

Предлог законот за заштита од пушење на 24 март ќе биде на седница на Владата, а потоа ќе биде пратен во Собранието, што според министерот би било најдоцна за месец и половина. Иако првично беше најавено дека ќе почне да важи од 1 март, примената беше одложена поради забелешки од угостителите и тутунската индустрија. И роковите се поместуваат. Угостителите бараа три години за прилагодување, државата не отиде толку далеку ама сепак им даде една година. Не како што сакаа, ама и не толку строго како што првично се најавуваше. Сега и ова е на климав терен, дали рокот ќе се крати или пак ќе се продолжи

И уште една важна одлука останува вејпови, ајкос и слични уреди  надвор од игра во затворени простории. Барањата да се дозволат не поминаа.

Симона Петровска

Законот за заштита од пушење ќе ја поттикне сивата економија, а нема да го намали пушењето- реакција од тутунската индустрија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Мицкоски за состојбата со водата за пиење во Гостивар: Oд градоначалникот, па надолу, сите треба да понесат одговорност

Sasko Dimovski

Сè уште ги чекаме резултатите за водата, штом ги добиеме, ќе ги објавиме, изјави обвинителката Јосифоска за Телма

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе