Вести Македонија

Законот за заштита од пушење ќе ја поттикне сивата економија, а нема да го намали пушењето- реакција од тутунската индустрија

Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун се загрижени и разочарани од измените во Законот за заштита од пушење, кои според нив нема да ги постигнат посакуваните резултати за јавното здравје.

„Предложените мерки не водат кон намалување на употребата на тутунски производи, туку поттикнуваат одлив кон сивата економија, која веќе достигнува 13–14% од пазарот, со неконтролирана продажба, небезбедни производи, прекугранично снабдување и сериозни загуби за буџетот“, пишува во реакцијата.

Нивните анализи покажале дека прекумерните рестрикции,  нема да ја намалат преваленцата на пушење, туку ќе доведат до раст на нелегална трговија со тутунски и никотински производи, снабдување со производи од соседни држави со непроверен квалитет и доведување во ризик на здравјето на граѓаните од производи кои не ги поминуваат потребните проверки за безбедност и квалитет. Понатаму, ќе се предизвика и сериозен пад на буџетските приходи, на сметка на раст на нелегалната трговија и нарушување на целиот синџир на вредност.

Тие додаваат и дека ниту една од нивните забелешки не е прифатена во новата верзија на законот, дека законот содржи одредби кои не се применливи кои се далеку од европските практики и директиви.

„Дали министерството за здравство при креирање на законот ја вклучи и стратегијата како државата ќе се справи со одливот кон нелегалниот пазар, недостапноста до легални производи и последиците врз целокупната економија предизвикани од падот на буџетските приходи?“ прашуваат тие.

Во  Групацијата за производство на цигари и Здружението на производители на тутун при Стопанската комора на Македонија,  членуваат Philip Morris International, Imperial Brands, British American Tobacco и Japan Tobacco International.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Направил обрач со бензин и ја потпалил депонијата во Кочани – додека не се изгасне целосно, ќе има рестрикции во собирањето на сметот

Sonja Petrusevska

Медијаторите со нов обид за дипломатските излез, додека нападите меѓу САД и Иран продолжуваат

Igor Trajkov

Директорката на ЈП Комуналец Гостивар е во полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе