Вести Економија

ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите

Компанијата ОКТА АД – Скопје во писмено соопштение до медиумите информира дека претходно најавениот попуст е применет за сите клиенти.

„Оваа придобивка е обезбедена преку кредитни одобренија издадени на 13 март 2026 или директно е пресметана во фактурите за продажба издадени на 16 март 2026, со што се овозможува негова целосна практична примена“, посочуваат од компанијата.

Додаваат дека иницијативата била доброволна, а се спроведува на големопродажно ниво, додека одлуката за нејзино пренесување во малопродажбата останува на секој трговец поединечно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Добредојде“ со грешки: Отстранет билбордот на влезот во Скопје

Igor Trajkov

И партиите бараат виновници, но не ги гледаат во своите редови

Igor Trajkov

Здравствените власти ќе прогласат епидемија во Гостивар

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе