Пресретнување на беспилотни летала што го загрозуваа воздушниот простор Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, но и Јордан, Ирак и нејзините курдски сојузници, е одбранбен договор со кој е обврзана Франција за да се штити себе си, но и своите сојузници, на Блискиот Исток, е дел од длабинските бекграунд информации до кои дојде Телма, а со кои се анализира унволвираноста на Франција на Блискиот Исток, од одбрана на воздушниот простор, преку испраќањето на борбените авиони „Рафал“ за обезбедување на француските инсталации таму, распоредувањето на воздушна одбрана и воздушни радарски капацитети, па се до испраќањето на носачот на авиони „Шарл де Гол“, во Медитеранот за заштита во регионот.
„Како одговор на големите нарушувања што влијаат на глобалните енергетски и трговски патишта (Ормутскиот теснец, Црвеното Море и Суецкиот канал), Франција презеде иницијатива за изградба на коалиција насочена кон обезбедување на овие поморски патишта, кои се од суштинско значење за глобалната трговија и економска стабилност“, се до кој дојде Телма.
Притоа се потенцира дека Франција не била вклучена во нападите на САД и Израел и оти таа продолжува да дава приоритет на пристап доследен на меѓународното право, со стратешката цел – брза деескалација на состојбата и повторно отворање на кредибилен дипломатски канал што ги вклучува европските партнери.
„Ова одразува стратешка позиција: спречување на регионална ескалација и обезбедување дека билатералниот конфликт нема да ги привлече државите што ‘не ја избрале’ оваа војна“, се наведува во информациите за инволвираноста на Франција на Блискиот Исток.
Според Франција отсуствотото на претходно мултилатерално справување со кризите, особено во Советот за безбедност на ОН, придонело за брзото влошување на ситуацијата на Блискиот Исток.
Тамара Грнчароска
Дигитална обработка: T.Д.
